Archives

now browsing by author

 

ИСХРАНА

6 Ways You Can Avoid GMO Foods(ENG)

Avoid GMO foods. It’s all the news lately: “Stop Monstanto.” “No GMO Food.” What does that even mean? GMO stands for genetically modified organism.

Дали жените со тренинг можат да добијат машка мускулатура?

Едно од најчесто поставувани прашања од припадничките на поубавиот пол гласи: „Сакам да вежбам но не сакам да станам како билдерка и да добијам големи мускули„ и секогаш одговараме исто: „Не е можно женско да добие големи мускули со нормален тренинг, нема никаква шанса за такво нешто“.

Сега ќе ја објасниме причината за неможноста една жена да добие машка мускулатура со нормален тренинг (потенцираме: нормален тренинг и нормална исхрана).

Освен што мажите имаат појаки и поголеми коски и појаки мускули постојат уште два фактора кои директно влијаат за таквата состојба: Хормонот за раст и нивото и искористливоста на тестостеронот во организмот. Кај мажите и двата хормона се излачуваат во поголема доза отколку кај жените но додатно и нивната искористливост кај мажите е поголема.

Пример на природно развиена женска мускулатура со долгогодишен џудо и тежински тренинг без употреба на HGH и анаболни стероиди (Ronda Rousey -шампионка во ММА UFC за жени и бронзен медал во џудо на Олимијадата во Пекинг 2008).

ronda-rousey-7

Ронда Роузи

Пример на „жена“ со значително поголема количина на тестостерон од нормалните вредности и додатно употребува анаболни стероиди. Приметливи се виличната коска и мускулите кои наликуваат на машка мускулатура и скелет (Cristiane “Cyborg” Santos – бивша Страјкфорс шампионка, суспендирана една година заради употреба на анаболни стероиди).

cyborg2Крис „Сајборг“ Сантош

Од примерите се гледа дека една жена и со најригорозен тренинг никогаш не може да добие големина на коски и мускулна маса како еден маж на нејзина висина со здрав скелет и мускулатура под услов да не зема анаболни стероиди или HGH но дури и тогаш анатомски пак не е можно жена да добие таканаречени „билдерски“ односно машки мускули. Од друга страна една жена која редовно тренира може да стане физички појака од маж кој вежба само  рекреативно, малку или воопшто не тренира иако нејзините мускули нема да бидат предимензионирани. Во секој случај треба да се потенцира, редовниот и правилен тренинг го подобрува здравјето и создава убава, складна и здрава мускулатура (фигура).

Заклучок. Слободно вежбајте, хранете се здраво, правете поголем број на повторувања ако сакате да добиете дефиниција а помал ако сакате да зголемите мускулна маса (што во секој случај препорачуваме) зашто јаки коски и мускули значат и посилен имунолошки систем и физичка сила што несомнено го подобрува квалитетот на животот и има позитивно влијание на самоодвербата и општата психичка состојба.

 

 

Штетни продукти во исхраната – соја, маргарин и шеќер (сахароза)

margarinДали консумирате соја, маргарин и сахароза (бел, жолт или кафеав шеќер)? Прочитајте како делуваат на вашето здравје, внатрешните органи и артерии, телесната тежина и имунолошкиот систем.

Соја – штетна за мажи и жени (во најголем дел е генетски модифицирана), деца не би требало да ја консумираат во ниеден облик. Се наоѓа во повеќе видови леб (како брашно), во пецива, како растителен протеин во вегетеријански паштети, како соин лецитин во огромен број на производи, односно тешко да се најде процесирана храна во која да нема соја во одреден облик.

Кај мажите го намалува создавањето на тестостерон и стимулира создавање естроген што може да има последици како намалување на мускулна маса, заслабната ерекција и намалена сексуална желба и гинекомастија-зголемување на градите.

Кај жените може да го поремети хормонскиот систем што би можело да доведе до неплодност, пореметен менструален циклус и да предизвика тумори во градите. Кај двата пола може да доведе до пореметување на функцијата на штитната жлезда.

Кај машките деца со редовна употреба може да доведе до феминизација а кај женските до прерано созревање на полните карактеристики односно преуранет ПМС. На бебиња не би требало да се дава во ниеден облик затоа што фитоестрогените коишто во организмот делуваат како женскиот хормон естроген  можат да влијаат на развојот на репродуктивните органи на бебето.

Сојата би требало или воопшто да не се консумира или да се консумира во многу мали количини во ферментирана состојба (не повеќе од 10-20 грама на ден за возрасен) со што би се намалила можноста за несакани (и штетни) ефекти.

Маргарин – високо загреано и хидрогенизирано билно масло, третирано со хемикалии, конзерванси и вештачки ароми. Дебелее, го зголемува ЛДЛ холестеролот што има за последица стеснување на крвните садови и појава на артериосклероза со што се зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Содржи транс-масни киселини што навлегуваат во масното ткиво на телото и во клеточните мембрани, го пореметуваат метаболизмот, го зголемуваат ризикот од дијабетес и го намалуваат квалитетот на мајчиното млеко. Постојат одредени индиции дека се можни и пореметувања на имунолошкиот систем и плодноста како и забавување на растот на мозочното и нервното ткиво на ембрионот.

При процесот на производство со загревање на високи температури во маргаринот влегуваат и одредени количини на токсични метали како никел или алуминиум коишто се складираат во клеточните мембрани што може да доведе до пореметување на нервниот систем.

Уште една штетна состојка која настанува при загревање на маслото (се наоѓа во рафинираните масла а посебно во палмовото) е глицидил естерот којшто во организмот може да премине во глицидол, канцерогена состојка со широка примена во индустријата со што на некој начин се потврдуваат одредени тврдење дека консумираме течна пластика која негативно влијае на секоја клетка во организмот.

Во испитувањето на германскиот магазин Еко-Тест од 2010 година од 19 тестирани маргарини на германскиот пазар 16 содржеле глицидил естер.

Апсолутно штетен за организмот и артериите, не може да се најде ниту една  разумна причина за негова употреба во исхраната.

Бел, жолт или кафеав шеќер (сахароза) – скриен убиец, дебелее, го заслабнува имунолошкиот систем и ги прави крвните садови поподложни на пукање. Го оптеретува панкреасот и многукратно ја зголемува можноста да се заболи од дијабетес и е еден од главните фактори за создавање на кариес. Го одзема калциумот од коските и го закиселува организмот што создава плодна почва за развој на инфекции. Ги храни габичните организми како Кандида Албиканс. Огромна е листата на пореметувања што настануваат од редовна употреба на сахароза во исхраната.

Еден совет за сите кои имаат инфекција, настинка, ангина или рана, веднаш треба да се престане со консумација на сахароза и драстично да се намали внесот на храна богата со скроб за да му се помогне на имунолошкиот систем полесно да се справи со болеста.

Секој што се стреми кон оптимално здравје, да изгледа убаво, да биде фит и во одлична физичка кондиција, ќе му направи огромна корист на сопствениот организам ако ги консумира овие продукти во што помала количина и што поретко со што ќе направи битен чекор кон стекнување совршено здравје, силен имунолошки систем и забавено стареење на организмот.

Во следната статија ќе напишеме здрави и корисни алтернативи за погоре споменатите продукти.

Самоодбрана и фитнес за деца-формирани првите групи

self-defense for kids400Ги формиравме првите две групи од програмата „Самоодбрана и фитнес за деца“ за деца од предшколска возраст и за деца од 6 до 13 год.

Децата од предшколска возраст учат низ игра додека повозрасната група веќе започна со основи на правилно паѓање, базични вежби за сила и еластичност како и почетни техники по Комбинирана Самоодбрана.

Семинари по самоодбрана за деца

100_2159Со цел запознавање со основите на правилна самоодбрана одржавме повеќе едночасовни семинари за децата во основните училишта на коишто учениците можеа да научат и да применат тактика и техники за избегнување на физички напад како и соодветна одбрана.

Со базични техники по самоодбрана се запознаа учениците од основните училишта: „Војдан Чернодрински“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Владо Тасевски“ и „Петар Поп Арсов“.

Улогата на свесноста и превентивата како елементи на успешна самоодбрана

svesnostДали знаете дека успешната самоодбрана почнува со свесноста и превентивата?

Најуспешна самоодбрана е таа во која воопшто и нема да има потреба од физички контакт или како што вели Сун Тсу најдобро добиена борба е таа без борба.

Размислете однапред за сопствените можности за самоодбрана, какви се шансите да бидете нападнати во вашиот дом, во автобус, на улица и што можете однапред да направите за да го избегнете евентуалниот напад? Што ако сепак бидете нападнати, како ќе реагирате и дали воопшто ќе можете правилно да реагирате?

Припремете се однапред за секоја евентуалност а не отпосле кога е веќе касно. Реченицата тоа мене нема да ми се случи е слаба утеха за жртвите од физички напад.

Со други зборови бидете свесни за себе и сопствената околина и работите извршувајте ги свесно а не несвесно. Колку пати ви се случило да не можете да се сетите дали сте ја заклучиле вратата на излегување само затоа што во тој момент сте мислеле на сѐ друго, само не на клучот во рака :).

Постојат неколку корисни вежби за поголема свесност кои можете без поголем труд да ги практикувате секој ден. Едната е претходно споменатиот клуч. Почнете секој пат кога излегувате, барем неколку секунди да се концентрирате на дејството и да запамтите дека сте ја заклучиле вратата. Така не само што веќе нема никогаш да се колебате дали сте заклучиле туку и ќе знаете дека не може да се случи да заборавите. Оваа вежба ќе ви создаде и условен рефлекс и сите други активности кои досега несвесно ги правите да ги правите со зголемена концентрација и свест.

Втора вежба која исто ќе ја зголеми вашата свесност за околината е неколку пати во денот кога сте во продавница, чекате автобус, во банка или едноставно шетате во парк да ја набљудувате околината околу себе но со акцент на деталите кои нормално (свесно) никогаш не ги приметувате.

Каква боја има фасадата на зградата која ја гледате секој ден на пат за факултет или работа? Колку на број и какви фигури има на фасадата? Колку антени се поставени на балконите или на кровот? Каква облека носи човекот во чекалната спроти нас? Колку копчиња има на неговото палто? Дали е среќен, расположен, натажен? Колку лисја има на дрвото и каков сообраќен знак или билборд има на улицата која секој ден или денес случајно ја шетаме?

Кога ќе дојдете дома обидете се да се сетите на деталите што сте ги запамтиле и да ги визуелизирате пред вашите очи.

Наизглед сосема бесполезни информаци и вежби но со текот на времето ќе се извежбате во дел од секундата да приметувате и памтите детали кои драстично ќе ја зголемат вашата свесност и перцепција за околината која ве опкружува.

Освен тоа, потрудете се кога запознавате нова личност неколку секунди при запознавањето да го простудирате лицето на соговорникот со внимание на деталите. Ако не го слушнете убаво името не се срамете туку прашајте повторно.

Моќта е во концентрацијата и памтењето на деталите и потоа нивно интуитивно процесирање во една поголема слика.

Сите овие вежби, однапред ќе ја припремат вашата психа за самоодбрана а физичкиот тренинг ќе даде едно убаво заокружување во комплетниот (одбранбен) систем.

Научете да го користите пепер спрејот како ефикасно средство за самоодбрана

pepper_sprayДали знаете што е пепер спреј и за што се користи? Дали знаете дека е ефикасно средство за самоодбрана од човечки напад? Сте знаеле ли дека постои и варијанта за одбрана од мечка која дејствува на далечина од 10 метри?

Пепер спрејот е алатка најчесто во база на распрскувач на пареа со екстракт на Олеоресин Капсикум, состојката која ја дава лутината на мексиканските пиперчиња, што значи има огромна надразнувачка моќ на сите слузни ткива како и на очите. Заради ефикасното и потврдено во пракса дејство во последните години ја намали во голем дел употребата другите хемиски спрејови за самоодбрана претежно врз база на 2-chlorobenzalmalononitrile. Иако по дејство слични пепер спрејот во пракса се покажа многу ефикасен и нема никакви трајни штетни дејства од неговата употреба. Заради сето ова во последните децении е неминовно средство за самоодбрана на голем дел од безбедносните структури во повеќе држави во светот.

Доволно мал да се носи во секоја женска чанта доволно е спрејот да се упери кон главата на напаѓачот и да се прсне неколку пати во интервал од една до две секунди за да дојде до автоматско (независно од рецепторите за болка) затварање и печење на очите, отекување на слузните ткива во носот и грлото, течење на носот, проблеми со дишењето, печење на кожата и кашлање. Сите овие симптоми траат од 30 до 45 минути што ви дава доволно време да го напуштите местото на нападот и да си ги сочувате безбедноста и здравјето.

Сепак за успешно и правилно користење треба да се внимава на неколку фактори. Спрејот се менува на секои три години односно барем една година пред завршување на рокот. Нема ништо пофрустрирачко (и опасно) отколку да ви притреба и да откриете дека не распрскува како што треба. Надразнувачкото дејство не престанува но со текот на времето распрскувачкото дејство на агенсот слабее.

Спрејот во варијанта на пара (постојат и други облици) во никој случај не смее да се користи во затворена просторија зашто постои огромна веројатност дека и вие ќе бидете погодени од неговото дејство, што значи се користи исклучиво како средство за самоодбрана на отворен простор. Треба и да се има во предвид и дека ветрот, дождот како и студеното време за одреден степен му го намалуваат дејството а ако дува ветер во спротивен правец опасно е да го употребите заради можното повратно дејство.

За тое што ќе решат да го поседуваат се препорачува и додатна обука по самоодбрана за да ја зголемат шансата од евентуалната конфликтна ситуација да излезат неповредени. Во принцип никогаш не треба да се ослонуваме 100% само на едно средство за самоодбрана туку ги комбинираме свесноста, тренингот и алатките (како пепер спрејот и останатите) во систем кој ни ги зголемува шансите да останеме неповредени или уште подобро никогаш да не дојдеме во опасна ситуација. Иако често многу ефикасен сепак мора да напоменеме дека е можна ситуација напаѓачот да не е комплетно онеспособен од дејството на пепер спрејот (во многу ретки случаи но е сепак можно) што е уште еден аргумент за дополнителна обука со физички тренинг како би ги зголемиле шансите за успешна самоодбрана во секаква ситуација.

Самоодбраната секогаш почнува во безбедна и сигурна околина (со планирање и разумно опсервирање на можните ризици) а пепер спрејот е една додатна и корисна алатка која ни дава дополнителна заштита и сигурност дека ако притреба ќе знаеме и ќе можеме правилно да изреагираме.