Дали жените со тренинг можат да добијат машка мускулатура?

Едно од најчесто поставувани прашања од припадничките на поубавиот пол гласи: „Сакам да вежбам но не сакам да станам како билдерка и да добијам големи мускули„ и секогаш одговараме исто: „Не е можно женско да добие големи мускули со нормален тренинг, нема никаква шанса за такво нешто“.

Сега ќе ја објасниме причината за неможноста една жена да добие машка мускулатура со нормален тренинг (потенцираме: нормален тренинг и нормална исхрана).

Освен што мажите имаат појаки и поголеми коски и појаки мускули постојат уште два фактора кои директно влијаат за таквата состојба: Хормонот за раст и нивото и искористливоста на тестостеронот во организмот. Кај мажите и двата хормона се излачуваат во поголема доза отколку кај жените но додатно и нивната искористливост кај мажите е поголема.

Пример на природно развиена женска мускулатура со долгогодишен џудо и тежински тренинг без употреба на HGH и анаболни стероиди (Ronda Rousey -шампионка во ММА UFC за жени и бронзен медал во џудо на Олимијадата во Пекинг 2008).

ronda-rousey-7

Ронда Роузи

Пример на „жена“ со значително поголема количина на тестостерон од нормалните вредности и додатно употребува анаболни стероиди. Приметливи се виличната коска и мускулите кои наликуваат на машка мускулатура и скелет (Cristiane “Cyborg” Santos – бивша Страјкфорс шампионка, суспендирана една година заради употреба на анаболни стероиди).

cyborg2Крис „Сајборг“ Сантош

Од примерите се гледа дека една жена и со најригорозен тренинг никогаш не може да добие големина на коски и мускулна маса како еден маж на нејзина висина со здрав скелет и мускулатура под услов да не зема анаболни стероиди или HGH но дури и тогаш анатомски пак не е можно жена да добие таканаречени „билдерски“ односно машки мускули. Од друга страна една жена која редовно тренира може да стане физички појака од маж кој вежба само  рекреативно, малку или воопшто не тренира иако нејзините мускули нема да бидат предимензионирани. Во секој случај треба да се потенцира, редовниот и правилен тренинг го подобрува здравјето и создава убава, складна и здрава мускулатура (фигура).

Заклучок. Слободно вежбајте, хранете се здраво, правете поголем број на повторувања ако сакате да добиете дефиниција а помал ако сакате да зголемите мускулна маса (што во секој случај препорачуваме) зашто јаки коски и мускули значат и посилен имунолошки систем и физичка сила што несомнено го подобрува квалитетот на животот и има позитивно влијание на самоодвербата и општата психичка состојба.