Научете да го користите пепер спрејот како ефикасно средство за самоодбрана

pepper_sprayДали знаете што е пепер спреј и за што се користи? Дали знаете дека е ефикасно средство за самоодбрана од човечки напад? Сте знаеле ли дека постои и варијанта за одбрана од мечка која дејствува на далечина од 10 метри?

Пепер спрејот е алатка најчесто во база на распрскувач на пареа со екстракт на Олеоресин Капсикум, состојката која ја дава лутината на мексиканските пиперчиња, што значи има огромна надразнувачка моќ на сите слузни ткива како и на очите. Заради ефикасното и потврдено во пракса дејство во последните години ја намали во голем дел употребата другите хемиски спрејови за самоодбрана претежно врз база на 2-chlorobenzalmalononitrile. Иако по дејство слични пепер спрејот во пракса се покажа многу ефикасен и нема никакви трајни штетни дејства од неговата употреба. Заради сето ова во последните децении е неминовно средство за самоодбрана на голем дел од безбедносните структури во повеќе држави во светот.

Доволно мал да се носи во секоја женска чанта доволно е спрејот да се упери кон главата на напаѓачот и да се прсне неколку пати во интервал од една до две секунди за да дојде до автоматско (независно од рецепторите за болка) затварање и печење на очите, отекување на слузните ткива во носот и грлото, течење на носот, проблеми со дишењето, печење на кожата и кашлање. Сите овие симптоми траат од 30 до 45 минути што ви дава доволно време да го напуштите местото на нападот и да си ги сочувате безбедноста и здравјето.

Сепак за успешно и правилно користење треба да се внимава на неколку фактори. Спрејот се менува на секои три години односно барем една година пред завршување на рокот. Нема ништо пофрустрирачко (и опасно) отколку да ви притреба и да откриете дека не распрскува како што треба. Надразнувачкото дејство не престанува но со текот на времето распрскувачкото дејство на агенсот слабее.

Спрејот во варијанта на пара (постојат и други облици) во никој случај не смее да се користи во затворена просторија зашто постои огромна веројатност дека и вие ќе бидете погодени од неговото дејство, што значи се користи исклучиво како средство за самоодбрана на отворен простор. Треба и да се има во предвид и дека ветрот, дождот како и студеното време за одреден степен му го намалуваат дејството а ако дува ветер во спротивен правец опасно е да го употребите заради можното повратно дејство.

За тое што ќе решат да го поседуваат се препорачува и додатна обука по самоодбрана за да ја зголемат шансата од евентуалната конфликтна ситуација да излезат неповредени. Во принцип никогаш не треба да се ослонуваме 100% само на едно средство за самоодбрана туку ги комбинираме свесноста, тренингот и алатките (како пепер спрејот и останатите) во систем кој ни ги зголемува шансите да останеме неповредени или уште подобро никогаш да не дојдеме во опасна ситуација. Иако често многу ефикасен сепак мора да напоменеме дека е можна ситуација напаѓачот да не е комплетно онеспособен од дејството на пепер спрејот (во многу ретки случаи но е сепак можно) што е уште еден аргумент за дополнителна обука со физички тренинг како би ги зголемиле шансите за успешна самоодбрана во секаква ситуација.

Самоодбраната секогаш почнува во безбедна и сигурна околина (со планирање и разумно опсервирање на можните ризици) а пепер спрејот е една додатна и корисна алатка која ни дава дополнителна заштита и сигурност дека ако притреба ќе знаеме и ќе можеме правилно да изреагираме.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *