ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Прашање: Дали е потребна претходна физичка подготовка пред да се започне со тренингот?

Одговор: Не, секој без разлика на претходната физичка спремност може да започне со тренинг и постепено да напредува.

Прашање: Дали се користат тупаници во тренингот?

Одговор: Системот има за цел да симулира самоодбрана во реални услови што значи се користат дланките, нивната основа, надворешната ивица и прстите. Повремено во тренингот користиме и тупаници при работа со ракавици и фокусери. Во реална ситуација не препорачуваме удари со тупаници во тврди површини затоа што ударните зглобови на тупаниците може да се скршат, што останува како трајна повреда.

Прашање: Дали тренингот содржи и методи за зајакнување на дланките и прстите?

Одговор: Да. Нашата метода ги зајакнува дланките и прстите без да ја огруби кожата така што е соодветна и за двата пола. Тренирани и зајакнати дланки и прсти не само што даваат зголемена сигурност при изведба на техниките туку ги намалуваат и шансите за повреда во другите контактни спортови на пр. кошарка, ракомет и др.

Прашање: Дали се добиваат и совети за исхрана?

Одговор: Во секој случај. Нашиот систем вклучува совети за зачувување и подобрување на здравјето како и оптимална исхрана за здрав живот.

Прашање: Се бавам и со други спортови, одбојка, кошарка, тенис итн. Дали тренингот за самодбрана може да ми помогне во општата физичка спремност?

Одговор: Препорачуваме секому да помине барем тримесечен тренинг за сам да оцени во колкав степен ќе му користи за општите перформанси, иако сме убедени дека ефектот е несомнен (без разлика на боречкиот аспект). Во најголем број случаи ќе се зголемат самодовербата, свесноста за сопственото тело, брзината и рефлексите.