САМООДБРАНА И ФИТНЕС ЗА ДЕЦА

samoodbrana-za-deca

Програмата нуди часови по самоодбрана и фитнес за деца од 6 до 13-годишна возраст и е еднакво погодна за децата од двата пола.

Децата низ игра на лесен и забавен начин ги учат техниките за самоодбрана а вежбите за сила, растегнување и координација ја подобруваат нивната физичка спремност и кондиција.

Брзо и трајно се подобруваат фокусот, самодовербата, општата физичка и психичка состојба како и држењето на ‘рбетниот столб.

Тренингот е комбиниран и се состои од вежби за подобрување на општото здравје и физичката спремност на децата како и од техники за самоодбрана низ теорија и пракса.

Иако сама по себе дефанзивна и ненасилна, програмата влијае позитивно врз целокупниот психофизички развој на детето.

Користа за самото дете како и за родителите е многустрана:

●   Се развива способноста кај децата да дејствуваат превентивно како и да се
спротистават на секаков обид за насилно однесување кон нив или кон некого од
нивната околина

●   Децата ќе научат да се одбранат ако сите останати вербални методи не
вродиле со плод

●   Се зголемуваат концентрацијата, фокусот и дисциплината

●   Се намалува агресивноста

●   Се зајакнува самодовербата

●   Тренингот по „Самоодбрана и фитнес“ делува превентивно и корективно за телесни
искривувања (кифоза, сколиоза) предизвикани од неправилно држење на
телото

●   Децата низ лесен и едукативен начин ќе научат основи на зачувување на
здравјето како и основи на правилна исхрана

●   Програмата дејствува превентивно против депресија кај децата и ги
мотивира низ игра и физички тренинг полесно да ги совладаат проблемите со
кои се соочуваат