Семинари по самоодбрана за деца
Со цел запознавање со основите на правилна самоодбрана одржавме повеќе едночасовни семинари за децата во основните училишта на коишто учениците можеа да научат и да применат тактика и техники за избегнување на физички напад како и соодветна одбрана.
Со базични техники по самоодбрана се запознаа учениците од основните училишта: „Војдан Чернодрински“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Владо Тасевски“ и „Петар Поп Арсов“.