Улогата на свесноста и превентивата како елементи на успешна самоодбрана

svesnostДали знаете дека успешната самоодбрана почнува со свесноста и превентивата?

Најуспешна самоодбрана е таа во која воопшто и нема да има потреба од физички контакт или како што вели Сун Тсу најдобро добиена борба е таа без борба.

Размислете однапред за сопствените можности за самоодбрана, какви се шансите да бидете нападнати во вашиот дом, во автобус, на улица и што можете однапред да направите за да го избегнете евентуалниот напад? Што ако сепак бидете нападнати, како ќе реагирате и дали воопшто ќе можете правилно да реагирате?

Припремете се однапред за секоја евентуалност а не отпосле кога е веќе касно. Реченицата тоа мене нема да ми се случи е слаба утеха за жртвите од физички напад.

Со други зборови бидете свесни за себе и сопствената околина и работите извршувајте ги свесно а не несвесно. Колку пати ви се случило да не можете да се сетите дали сте ја заклучиле вратата на излегување само затоа што во тој момент сте мислеле на сѐ друго, само не на клучот во рака :).

Постојат неколку корисни вежби за поголема свесност кои можете без поголем труд да ги практикувате секој ден. Едната е претходно споменатиот клуч. Почнете секој пат кога излегувате, барем неколку секунди да се концентрирате на дејството и да запамтите дека сте ја заклучиле вратата. Така не само што веќе нема никогаш да се колебате дали сте заклучиле туку и ќе знаете дека не може да се случи да заборавите. Оваа вежба ќе ви создаде и условен рефлекс и сите други активности кои досега несвесно ги правите да ги правите со зголемена концентрација и свест.

Втора вежба која исто ќе ја зголеми вашата свесност за околината е неколку пати во денот кога сте во продавница, чекате автобус, во банка или едноставно шетате во парк да ја набљудувате околината околу себе но со акцент на деталите кои нормално (свесно) никогаш не ги приметувате.

Каква боја има фасадата на зградата која ја гледате секој ден на пат за факултет или работа? Колку на број и какви фигури има на фасадата? Колку антени се поставени на балконите или на кровот? Каква облека носи човекот во чекалната спроти нас? Колку копчиња има на неговото палто? Дали е среќен, расположен, натажен? Колку лисја има на дрвото и каков сообраќен знак или билборд има на улицата која секој ден или денес случајно ја шетаме?

Кога ќе дојдете дома обидете се да се сетите на деталите што сте ги запамтиле и да ги визуелизирате пред вашите очи.

Наизглед сосема бесполезни информаци и вежби но со текот на времето ќе се извежбате во дел од секундата да приметувате и памтите детали кои драстично ќе ја зголемат вашата свесност и перцепција за околината која ве опкружува.

Освен тоа, потрудете се кога запознавате нова личност неколку секунди при запознавањето да го простудирате лицето на соговорникот со внимание на деталите. Ако не го слушнете убаво името не се срамете туку прашајте повторно.

Моќта е во концентрацијата и памтењето на деталите и потоа нивно интуитивно процесирање во една поголема слика.

Сите овие вежби, однапред ќе ја припремат вашата психа за самоодбрана а физичкиот тренинг ќе даде едно убаво заокружување во комплетниот (одбранбен) систем.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *